обелодени (гл.) - дека (сврз.)

Ако Серл вели „замолчи”, се обелоденува дека не постои имплементирање, не дека постои погрешно.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Метју С. Шварц, студент на Универзитетот на Мичиген и неколкугодишен главен уредник на Мичиген ривју, наредниот месец во еден напис во МР срамежливо обелодени дека „еден конзервативен весник од УМ му дојавил на новинар од Нешнал ривју“ за оваа нова сторија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој побарал информацијата да им се достави на сите заинтересирани членови на разузнавачката организација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
А тоа е политичка фунција што кампот може да ја врши единствено ако е аполитичен.213 Токму отуѓениот настран поглед на кампот кон општествено допуштените вредности е тоа што обелоденува дека суштествувањето е изведба на суштество („суштествување како играње улога“) и е она што ни овозможува да ги гледаме идентитетите како впечатливи приредби на општествен театар, а не како суштини.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ова тој го поткрепил со констатацијата дека во случај да биде „обелоденето дека Британците се во контакт со него на кој и да е начин, преку кој и да е канал, на најважните политички односи што јас ги изградив во Бугарија во изминатите четири месеци би им била нанесена непоправлива штета“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)