обеси (гл.) - глава (имн.)

Тој, секога како јас сум говорел, не симнувал од лицето една потсмешлива насмевка, но сега просто ја обесил главата.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
— Потихонка, ќе срипа полицаецот и повторно ќе ја обеси главата да спие.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја обесил главата надолу, а рацете опашани со неговиот појас.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)