обзема (гл.) - чувство (имн.)

На залезот од животот, кога опсесивно се трага по некакво помирување со нереализираните илузии, небаре задолжен од семејната судбина во егзил да ја допишам хрониката, оставена со пораките од Татковите книги, како можен тестамент за новите патишта на идните разгранувања на семејството, постојано ме обзема чувството за еден неисполнет долг кон Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сепак, тоа неочекувано и мигновено пресретнување на нашите погледи, ја отвори приказната за „НиЕ“, но не како предмет, како досие, и не за ние на кое никогаш не инсистиравме како на заменка на она што заеднички го работевме, туку за ние што произлегуваше од таа работа и кое, очигледно, остануваше и натаму да трае во нас двајцата и покрај тоа што, според моето првично и не докрај оформено сознание по пресретнувањето на нашите погледи, нѐ обземаше чувство на длабока вина.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Кога ја прегрнував и бакнував ме обземаше чувство, кое не можам да го искажам, но кое би можело да се спореди со блаженото чувство на оние верници кои ја имале среќата да го видат и да му ги целиваат нозете и рацете на својот бог.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ме обземаше чувството дека дефинитивно си останав со земја­та без враќање.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)