обземе (гл.) - необичен (прид.)

Веќе го имав ставено клучот на бравата кога ме обзеде необичен страв.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Малата Ервехе ја обзела необична милина, непочувствувана дотогаш.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Господине, Ме обзеде необична мисла: дали Патрик Крисман не го зел псевдонимот Клеман дИсартеги не можејќи да се определи за Климент Охридски со што би го задржал чувството на еднаква благонаклонетост и заштита на двата брега на езерото, албанскиот и македонскиот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)