обземе (гл.) - силен (прид.)

Ме обзеде силна возбуда.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ме обзеде силна возбуда.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тоа Мурад го забележа и забележа дека Софроние не ги ни обиска кафето и шербетот, го обзеде силна лутина против него.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
При секое погледнување во тие белини, Богдан го обзема силна возбуда; по телото му врват благи трпки и му се искачуваат во главата; го чувствува движењето на крвта во него, а рачката од фанглата и мистријата му се навлажнуваат во рацете и потреперува.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И кога еден ден Татко започна во својата библиотека - судбина да става книги на Маркс, Енгелс, Ленин и Сталин помеѓу Библијата, Куранот, Талмудот и другите свети книги, Мајка ја обзеде силен страв што не го покажуваше надворешно, немоќна да ги протолкува чудните постапки на својот сопруг.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во тој миг го обзеде силна желба за жена му.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Кога ги состави сите делови од иконостасот, кога го виде склопен и готов, му ја разбрани нешто душата, го обзеде силна возбуда, и дури попот и луѓето пееја ”Христос воскресна...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ме обзеде силна возбуда кога крај сликата беше објавен фрагмент од романот Времето на козите (Il tempo delle capre), објавен на италијански јазик во превод и со поговор на професорката на Неаполскиот универзитет Марина Џавери.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ме обзеде силна возбуда, нешто длабоко, длабоко во мене се вознемири.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Децата ги обзеде силен страв.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Нѐ обзеде силен страв. За Мајка. И за Татко. За сите нас. За тажното емигрантско семејство.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Нè обзеде силна, нескротлива тага која на сите начини ја криевме од Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Нѐ обзеде силен трепет кога, од далечината, ја забележавме нејзината осамена силуета, со двете куферчиња, како ни наближува.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ме обзеде силна возбуда додека ја читав телеграмата на градоначалникот на Поградец со која ме повикуваа на свеченото доделување на титулата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)