образложи (гл.) - свој (прид.)

А потоа се обиде и да ја образложи својата заборавност: - Веројатно и ти ќе се однесуваше на сличен начин ако ја имаше за доброутро онаа глетка.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во друга прилика, на еден од своите соговорници тој му го образложи својот презир кон терпентинот со фактот дека сликарството што се засновува на „мрежницата”, секогаш, во крајна линија, е некој вид на ready- made, бидејќи сликаревиот творечки чин се сведува на одбирање помеѓу она што се наоѓа на тржиштето на индустриските бои, за потоа тоа да го распореди по своето платно на истиот начин на кој тој самиот заминувал во продавницата за да одбере ваков или онаков индустриски произведен предмет.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Како и да е, во полициската станица не сакаше да го третираат како куче - без било какви права да го образложи својот чин.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тој мошне уверливо го образложува своето стојалиште, а нашата студија покажува дека ние во ниеден случај не би ја оспориле креативноста на семиотичкото читање на Бартелмиевата проза.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)