оброди (гл.) - субјективитет (имн.)

Родовата ориентација е ориентација кон културни практики, културни облици и кон нивните значења; таа не е едноставно ополовен и оброден субјективитет издвоен од некој културен контекст.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-женственоста, значи, е културно обликување, а не само психосексуално.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Затоа, не треба да ја толкуваме женствената позиција на машкиот геј-субјект во тесно сексуална и обродена смисла, небаре е само психосексуална состојба, неминовна последица од некое механичко распознавање на некоја крута сексуална геометрија, на менлив едиповски склоп на предопределени зададени анатомски и психолошки вредности.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Средишниот дел на книгава му се посвети на исцртувањето на логичните врски меѓу неколку меѓусебно поврзани вредности што ги создаваат тие констелации и на показот како тие внесуваат обродени и сексуални значења во голем број елементи од културното поле – како тие структурираат една поширока поетика на културата во смисла на родот и на сексуалноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)