објасни (гл.) - поединост (имн.)

Бев дојден да и ги објаснам поединостите околу месечната помош што ќе ја добива поради нејзиното учество во војната. (По вторпат денес се присетувам на овој случај!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Можеби поради нејзиното присуство не само во собана туку и во моите размисли?) Всушност во објаснувањата во кои непотребно се бев вплеткал избегнав една голема глупост, посакав во еден момент и себеси да се спомнам како жртва на оние многу чудни одлуки што не ги донесува здравиот разум туку насмевката или своеглавоста на моќникот. (А нели, неупатените се уште и мене ме сметаа за моќник) Но за среќа навреме се сепнав.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)