објасни (гл.) - мој (прид.)

г). Црна, студена и бистра како твојот поглед сведочи дека законитостите на дијалектиката се очевидни или сакам да кажам твоите очи ги објаснуваат моите.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Колку прецизно и со каква описна размисла ја објасни мојата деликатна состојба овој чудесен лекар!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се трудев да ѝ ја објаснам мојата положба, непријатностите со сенките, мислам дека го спомнав и недоветното будалесто смеење на Јана, на твојата пријателка Јана, (токму така ѝ реков), но Катерина се преправаше дека ниту нешто слушнала, ниту нешто видела; (постојат такви моменти кога мојата Катерина в очи ми се руга, а лицето ѝ е невино, невино, како на палаво годиначе кое тукушто проодило), а притоа сепак, најприсутно барем во моите размисли беше она нејзино одречување, дури и спротивставување (како сум смеел да си претпоставувам дека таа дружи со сенки, а посебно со сенката на некоја Јана), а посебно ме изненади нејзината забелешка дека неа никогаш не ја интересирале русокосите фолиранки, и наеднаш ме заплисна некоја заедничка смеа, смеењето на двете жени, на Јана и на Катерина, кои како сенки се оддалечуваа по некоја спирална скала, а јас (тоа беше навистина за чудење) открив дека се наоѓам во ходникот, дека сум седнат на бетонот, и тоа пред врата што веројатно беше нашата, а притоа вратата беше заклучана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Фрејм мејкер-от е друг начин да ја објаснам мојата улога:”ОК, ајде да ставиме една рамка околу нас, да разгледаме сѐ што е внатре во таа рамка, и да видиме како тие нешта меѓусебно се однесуваат.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ако не била заклучана и ако не бев тропал на таа иста врата (можеби со денови), зошто на многу места на десната дланка заедно со болката израснале и плускавици, слични на зрна од црно грозје?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
ПРВАТА ЖЕНА: Добро, тогаш сите напади нема да ги опишувам, само оние што мене ми значеа, односно оние што можат да ја објаснат мојата животна приказна.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)