објасни (гл.) - докрај (прил.)

А не може ни несвенливата геј-склоност кон кампски препрочитувања на хетеросексуалната култура да биде само одраз на некакво неостварување геј-гордост и на неизлечливите ефекти на општествената доминација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Приказот на Адам за општествената доминација и за нејзините последици и натаму има голема објаснителна моќ.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се обидувале, на пример, да избегаат од сопствената бележаност на која се должела нивната инфериорна положба одбивајќи да се идентификуваат со групата во која спаѓале, покажувајќи нетрпеливост или презир кон другите припадници на групата – особено кон оние поединци што биле понеизбришливо бележани од нив со стигматизирачките знаци што ги идентификувале како нејзини припадници – и избегнувајќи контакти со луѓе од сопствените заедници.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сепак, како што прв би признал Адам, и како што укажува неговото подоцнежно творештво, премрежињата на инфериоризацијата и абјектноста не го објаснуваат докрај и не го исцрпуваат значењето на појавите што се обидувам да ги истражам.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Меѓу механизмите за справување со општествената доминација за кои Адам сметал дека им се заеднички на разните угнетени групи што ги проучувал беа и оние што ги нарекол „бегање од идентитет“ и „внатрегрупово непријателство“.440 Овие фрази упатуваа на општествените и на индивидуалните стратегии преку кои припадниците на угнетените групи гледале да ги смалат личниот цех и психолошката болка на општественото отфрлање.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)