огледува (гл.) - во (предл.)

Го слушам твоето срце како своето, го гледам твоето синило во зраците на изгрејсонцето, се бранувам во очите на брановите, а се огледувам во душата на длабочините.”
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Никогаш ја немав видено пустината, а пустината веќе одамна си го најде својот зародиш во мојава душа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
На интер-субјективно ниво, овој статус на субјектот води од доживување на другиот како ‘ЕГО кое се огледува во моето сопствено Јас’ (21) до хипертрофирани групни центризми преку преминот (премин од ‘Јас’ до ‘ние’) овозможен од Јазичките, етничко-националните и т. н. ТОПОИ (22).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Кон историското ниво на приказната кое низ преданието, архивата и пронајдениот животопис пружа увид во колебливото минато, се придружува современиот контекст во кој историјата се повторува и се огледува во речиси истоветни форми, наметнувајќи го заклучокот за неможноста од пронаоѓање сигурна точка на посматрање и на дофаќање на конечна вистина.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На тој смрзнат Бадник, таинствено завиткан во жолта гуња и ретки крпи магла, сликата минуваше пред човекот мртво се огледуваше во неговите очи: тој беше слеп за сѐ околу себе и газеше како смрт, не можеше да се сети како стана сето тоа?
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Имаше толку многу ѕвезди на небото, и уште исто толку се огледуваа во огромната вода, што ми се чинеше дека сме во вселената и дека патуваме со вселенски брод.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Летавме многу ниско над брановите, и одвреме-навреме страхував некој од нив да не нѐ стигне со својот висок, пенлив гребен и да нѐ повлече кон длабочините.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Писарот се огледуваше во врвовите на своите жолти чевли.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
(Салонот на Панајотис. Велков седи сам. Се огледува во огледало. Пауза. Влегува Панајотис.) ПАНАЈОТИС: Господине Велков, простете што ве оставив да причекате. (Велков станува, се поздравуваат, повторно седнува. Седнува и Панајотис. Пауза. Тишина.) Повелете.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Тој дисидентски начин на чувствување и на поврзување со светот се огледува во машките геј- културни практики.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Видот на кохерентноста што ја има културата не мора да се огледува во никаква униформност на ставовите и на однесувањето на дел од популацијата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа ноќ месечината имаше боја на топол и светлив килибар и без престан се огледуваше во нашите очи вковани во бескрајот на ѕвезденото небо.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На тој смрзнат Бадник, таинствено завиткан во жолта гуња и ретки крпи магла, сликата што минуваше пред човекот мртво се огледуваше во неговите очи; тој беше слеп за сѐ околу себе и газеше како смрт, не можеше да се сети како стана сето тоа?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Најважната работа што треба да ја сфатиш е дека, без разлика дали си весел или гневот го обзема твојот лик, сјајот на твојата кожа пак има виножито кое се огледува во сонцето, наспроти твојот гнев или веселост – рече старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
-Старче, да те прашам! Зошто твоето тело не се огледува во езерото? – се осмели Еразмо.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
-Значи, духовниот свет се огледува во нас, во материјата – побара потврда Еразмо. -Го одразува духовниот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
-Не ме разбра! Прашав, зошто твоето тело не се огледува во водата? – го повтори прашањето Еразмо.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)