одбере (гл.) - вистински (прид.)

И иако никако не му поаѓаше од рака да го одбере вистинскиот збор, што му беше најпотребен во мигот за да го отпочне нападот, кога проговори му се стори дека ја стрефи право целта.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Иако оддалечен од првите дипломатски траншеа на Блискиот Исток, вратен во Македонија, продолжував на друг начин да ја следам драмата на Јасер Арафат, како еден од последните владетели, на чиј пат, кој водеше низ крстопати на лавиринти, од кои секогаш умееше да го одбере вистинскиот пат, да го најде можниот излез.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Му одговорив потврдно. Знаев дека го одбра вистинскиот начин да ми го привлече вниманието и сето тоа ми го чукна умот, во еден многу краток момент.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Клекната под иконата на заштитницата на раѓањето, Рада тивко колку самата да се чуе ја започна својата исповест: „Помогни ми пресвета Богородице да го одберам вистинскиот пат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Махмуд Дарвиш Палестинското прашање и натаму продолжува да го бранува светот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)