одбере (гл.) - друг (прид.)

Дружината на бродот одбрала друг капетан и животот меѓу нив почнал убаво како и порано...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Не можеше ли смртта да одбере друг металик при своите вежбовни активности, кога во маневарската муниција меѓу ќорците ќе ѝ се протне некоја чаура со отпаден крш од колатерален ураниум?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Випем за ова, випем за она, ај, на здравје, на здаровје, ни се одврза јазикот и јас ќе прашам: — Оти не одберете друг пат?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)