одвикне (гл.) - да (сврз.)

2. Долниот свет Не оти сме слепци туку од што сме се одвикнале да гледаме блиску пред себе невешто се движиме со стап вперен напред и пипкаме: да не би да наидеме на змија, мудро немушта да не би да најдеме габа, солза радосница оти со години гледајќи далеку ни отапеа сетилата за светот тукашен па само некоја разорена и во мислите насетена ко привидение, стварност се тетерави без престан и бдее од страв да не исчезне ако се успие!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ги ѕидаа, тие нови куќички, во еден прекрасен ред, се радуваа заедно со дечињата, што беа останати без куќи во оние неколку воени ноќи, така што веќе беа одвикнати да имаат своја дома, а сега од утро до мрак стоеја крај нивното градилиште и гледаа како никнат нивните нови куќички со своите чудно умни и не според возраста загрижени очи, а после очите на сите мајстори им солзеа, заедно со придушениот плач, измешан со бранливата и надојдената во сапови смеа, на тие дечиња, додека им помогнуваа да се населат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Веќе ми имаше кажано дека се одвикнал да пие турско кафе, дека таму пиел филтер, но еве сега има прилика пак да се навикне.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ќе се вгледаше во полицаецот кој влегуваше во каушот, неспокојно ќе бараше нешто во дното на ходникот, ќе ги начулеше ушите да го фати крцкањето на стражарските скорни или тетеравењето на нозе, одвикнати да одат.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)