одврзе (гл.) - јазик (имн.)

Рада од чашата црвено вино отпи неколку поголеми голтки за да ја разбие тремата и полесно да го одврзе јазикот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А Ване го препознаваше по гласот уште пред да му влезе во видот, зашто стариот беше познат шегобиец со одврзан јазик што правеше шеги прво на своја сметка, а потаму на сè погорни адреси, додека не дојдеше во судир со кој и да е режим, кои сите од ред го водеа во своите црни списоци де како комунист де како анархист.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Випем за ова, випем за она, ај, на здравје, на здаровје, ни се одврза јазикот и јас ќе прашам: — Оти не одберете друг пат?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)