одглуми (гл.) - дека (сврз.)

Првото легнување на Стојна, што таа намерно сакаше да го забошоти, се беше случило кај нашата воденица покрај Пребег.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Значи, намерно или од некои други причини, Стојна се обиде да одглуми дека го заборавила првиот случај и писмото што го испрати се појави (но не знам кој го виде) дури по случајот број два, или, преведено на обичен јазик, со десетина години задоцнуваање.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Е, ако се лизне, обавезно ќе скрши рука или ќе одглуми дека ја скршил.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Во првиот момент одглумив дека не ми е познат, иако многу добро го знаев тој човек, а и целата јавност го познаваше како многу контраверзен.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Навистина, Е одглуми дека му се допадна претставата многу подобро одошто глумците глумеа на сцената.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)