одговори (гл.) - човек (имн.)

- Се ли треба да има смисла? - го прашува Господ човекот. - Да, му одговорил човекот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- Зар не ме познаваш? - зачудено одговори човекот и се насмеа.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Не идам јас така? - одговори човекот и извади полномошно од султанот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Командирот го прочита полномошното и како крпа побеле.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Бев рудар, - одговори човекот - копав руда со Италијанците и научив нешто да зборувам.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Добро си направил! - одговори човекот. - И така немав дрва.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Што ти треба? - одговори човекот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- А што е тоа Возовија? - праша детето. - Земја на возовите, - одговори човекот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)