одговори (гл.) - дека (сврз.)

Бидејќи не добил никакво писмено известување, со помош на адвокат (негов близок другар) до организацијата поднесува Опомена пред тужба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На ова, повторно добива усмен одговор дека „координаторот во секој момент можел да му даде отказ“, на што К.П. одговори дека за ова ќе се видат на суд.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тој ми одговори дека, за жал, не може многу да ми каже за она за што се интересирам, освен дека располага со една многу кратка дописка објавена во „Цариградски весник“ од 12 март 1861, во која меѓу донаторите за читалиштето во Ресна стои и името на Никола Поцо.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кога го прашал Ворхол дали сака при­казна, заплет, тој му одговорил дека не му е потребен заплет туку инцидент.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тавел во текот на 1965 напиша неколку сценарија (Sui- cide, Screen test 1 и 2, The life of Huanita Castro, Drunk, Horse, Vinyl, Hedy, Kitchen).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Затоа одговорил дека слушнал, а на следното прашање одговорил дека гласот бил машки.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
На 15 октомври 1944 година ГШ одговорил дека е потребно “ на сите мисии кои добиле наредба за враќање да им се овозможи тоа“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Кога неговата животна сопатничка, познатата писателка Симон де Бовоар (Simone de Bauvoire) телефонирала во болницата неколку часови по земањето на дрогата и прашала како се „забавува“ Сартр, тој ѝ одговорил дека штотуку води загубена битка со дијаболична риба и дека има многу непријатни доживувања.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Султанот може да се допраша, рекоа, кај валијата, кај битолскиот грчки владика, оти ние наш немаме, дали заслужувате одобрение за ѕидање, а тие налутени дека сте ги прескокнале, да му одоворат дека не заслужувате, па и овој пат ништо да не направите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А таа навика сигурно му е од војната.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Знам, ако случајно го прашам, зошто на тој начин го обесил ранецот, сигурно ќе одговори дека тешкотиите што ги совладуваме во животот создаваат најтрајни навики.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На зборлестата Огнена ѝ одговорив дека јас лично не располагам со повластици во врска со погребите; немам ни доволно информации за одлуките што ги носат одговорните другари.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Потоа додадов: „Јас, другарке Огнено Гулева, во случајов само реализирам една приватна порачка за која уште не втасало известието кого да го задолжам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Обајцата одговорија дека сакаат да се ослободат од диктатот на спротивставувачките форми на однесување.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Му одговорив дека гледам во парченцата нешто што никој друг, очигледно, не го гледа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога егзархискиот митрополит Синесие отишол да моли за ослободување на некои затвореници, Хилми-паша му одговорил дека таквите “чесни“ луѓе, трговци и учители ги извршиле динамичните атентати во Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Стоилов му одговорил дека владата е против ЦК.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Валијата официјално одговорил дека нередите ги предизвикале егзархисти, коишто, наводно, нападнале неколку муслимани и се обиделе да го нападнат магазинот на барут.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Гарванов потврдил дека тој е Шатев, но овој, негирајќи да признае дека го познава, одговорил дека Гарванов греши, веројатно лаже.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И ќе одговорат дека интересите на татковината секогаш се погоре од интересите општонародни и дека последниве се само средство за првите, а не наопаку.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако нѐ прашаше некој Турчин што сме – ќе му одговоревме дека сме или „каури”, т.е. неверници, или „раја на царот”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На прашањето поставено на Вуди Ален како дошол до одлуката да биде типичен претставник на авторското кино, генијалниот режисер, автор и актер, одговорил дека лошото читање на неговите текстови од страната на режисерите го натерало самиот да ги режира.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Стрелале и го прашувале дали сѐ уште сака да има деца, а тој, антав воин, со тешки зборови им одговорил дека ништо веќе не сака, дека е од нивна пушка крвав над коленици, жив за борба но без машкост за татковски соништа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Така почнала невидена војна помеѓу куп стрелци и еден гневен осаменик.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Стражарот одговори дека не видел ништо, то ест видел како го запреле среде плоштадот двајца, но мислел дека тоа се негови пријатели; а тој, наместо попусто да му вика, нека појде утре кај надзорникот, и надзорникот ќе пронајде кој му го зел шинелот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
2.17 Вчудоневиден сум што успеав да го забележам сето тоа. Во моментот ми се наметнува мисла, основата на хероинот е од крајно нихилистичка природа каде триумфира апатијата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
2.45 Кога Жан-Лик Годар го прашале зошто прави филмови, одговорил дека кога би можел би правел едноставно ништо, но бидејќи тоа било невозможно да се постигне, наместо ништо правел филмови.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Шарон го информира Буш дека повеќе не се чувствува задолжен да го одржи ветувањето што му го беше дал во март 2001-та дека нема да го гиба животот на Арафат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Буш му одговорил дека треба да ја остави судбината на Арафат во рацете на Бога.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Секој друг на земјината топка веднаш ќе одговореше дека ја издал Џулија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Методија праша што треба да помогне натаму, но Симон му одговори дека не треба ништо, дека е добро што свршиле работа и го извади пријателот од влезот надвор и таму отпростум испија двајцата по една ракија.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Го замоливме продавачот ако може да ни даде распар еден број панталони и за еден број поголемо сако, но тој само ни одговори дека тоа не е можно.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Од секого добива по една притворна насмевка и краток одговор на неговите прашања; ама колку за бериќетот сите како под команда одговорија дека годинава бериќетот е слаб.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На прашањето од татка му кај оди толку рано одговори дека има нешто да учи со другарите Лулето, Русета и други, та ќе се соберат" кај Шпира Калешков да им покаже тој како ученик од II одделение.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ги прашаа уште колку време ќе проведат овде, а тие му одговорија дека зависи од тоа колку бргу ќе ги проучат терените...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Инспекторите кога го прашале гостилничарот Трифо Саздов како дошол до сите овие сознанија и што му значи оној збор, дека и прашањата му биле чудни, гостилничарот одговорил дека тоа значи оти биле необични.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не би бил неодмерен и одговорот: „Гледај си ја другар работата!“
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Само сакала да ми ги прикаже предностите со кои ја надарил животот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ако се случеше на пример да го прашаш кого го чека во овој ходник тој можеше да одговори дека може да го чека кого сака и дека тоа е негов личен проблем.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ми одговори дека сосема заборавила на покојниците.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Му одговорив дека сакам да знам каков е. Сите срамежливо се насмејаа.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Од своја страна, бугарскиот министер за надворешни работи одговорил дека со таквата политика САД сакаат само „да ја продолжат војната“, но американскиот претставник одговорил многу јасно, потенцирајќи дека „Америка не можела да си го дозволи поразот на Англија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но конзулот се надевал дека ќе има парада и рекол оти ќе му претставува задоволство лицето Џ да се најде во ложата со конзулот од каде што би имало добар поглед кога ќе поминува Хитлер.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓутоа, му ветил на Меклин дека тој ќе го вложи својот авторитет да им се стави крај на таквите активности.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓутоа, конзулот му одговорил дека ќе биде многу тешко лицето Х да се сретне со Хитлер затоа што дури и самиот конзул не се надевал дека ќе има шанса да се поздрави со него.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тито, од своја страна, кој сигурно не бил во целост запознаен со она што се случувало на територијата на Македонија, на Меклин му одговорил дека сето она што се случува во Македонија се случува без негово знаење или одобрување.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Косановиќ сметал дека "со обединета, федеративна и навистина демократска Југославија, најголемиот дел од националните проблеми на Балканот, српско-хрватските, српско-бугарските, македонските, италијанските, југословенските ќе бидат решени".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На ова Влавијанос реприцирал дека "сега нема македонски проблем", но Шаренкоф одговорил дека "ако на власт се реакционерни сили, ќе го има".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Сметал дека "обновата, не само на Балканот туку и на повоениот свет, треба да стане товар не на дипломатите туку на луѓето надарени со визија и со револуционерна храброст".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Според Донован, во тој момент „Бугарија го имала клучот“ на одлуката, бидејќи таа во тие моменти преговарала со нацистичка Германија, односно сѐ повеќе и повеќе растел притисокот врз Бугарија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
", Косановиќ одговорил дека ако се стави крај на револуционерните движења никогаш немало да бидат решени проблемите на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Сакав да ѝ одговорам дека умирам од здодевност идека полош филм не сум гледал во животот, ама таа сигурно ќе се разочараше во мене ако тоа ѝ го признаев, па ја излажав: - Дури и ми се плаче од што е тажно, - шепнав.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сакав да ѝ одговорам дека и птицата и ѕвездата се како вистински, ама се сетив на онаа болка што пред малку ја почувствував и на тоа како Игбал нежно ја погали по косата, и намерно го премолчав тоа што можеше да ја израдува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)