одговори (гл.) - и (сврз.)

Зошто: ние, го прашав. Зашто сме двајца, одговори и погледот го сврти во другиот крај на лакот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ок, само ладно ѝ одговорив и ја замолив да ми се јави тој кога ќе се „освести“, т.е. кога ќе се почувствува способен. Знаев дека лаже.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ама сакам машки да ми одговориш и умно, како што говореше, бог да го прости, татко ти.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Но, зборот Кујна можеме да го искористиме и како метафора, па на прашањето на Хандке, можеме да одговориме и поинаку.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Господин Горлож! ... Се исправав за да му одговорам и покрај ужасната тежина на моите торбишта...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Помина ден, поминаа два, Крчо се виде со Неда оддалеку, и се насмеа со претпазливост да не го забележат другите деца што беа со него; таа на ист начин му одговори и ги наведоа обајцата главите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- За секогаш - рече Вера, без да дочека некој друг да одговори и ја прегрна Ели. Ели беше многу среќна.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)