одговори (гл.) - или (сврз.)

И намерно не знаат како се викал, едни го крстат Григорие други Георгие, и намерно не знаат ни од кое колено на Акиноските бил, дали од првото што се доселило во Потковицата или од некои од подоцнежните (и покрај што настаните, видовме, укажуваат на првото, врзано е за првите доселеници Турци во Потковицата, конкретно за Арслан бег, но кога човек ќе му обрне внимание на тоа, тие, за да му дадат уште поголема зачуденост на сето ова, за да ја изедначат сета таа историја со божје претсказание, си плукаат во пазувите, крстејќи се бошотат нејасни зборови и избегнувајќи да одговорат или да го продолжат разговорот, итро и брзо ја менуваат темата) но бил стар, мошне стар, и праведник.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А не си го поставувам затоа што немам никаква потреба да одговорам или пак, што е последица на потребата за одговор, тоа и да го соопштам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)