оди (гл.) - јас (зам.)

- Јас ќе дојдам! - рече дедо Димо. - Одам јас! - рече доктор Коста.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И одам јас во Романија, како висок службеник на Црвениот крст на Југославија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нема да одам јас, никогаш да го видам сето тоа...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ќе одам во Пасажот... улица Ришелје, улица Меил...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И така одам јас дома и си мислам како ќе ме прегрнат татко, сестрите и братот, како радосно ќе се гушнеме, како татко ќе ме седне на колено, ќе ми погали глава, ќе ме стопли во својата прегратка, а сестрите ќе ми донесат топла манџа и многу леб, како братот ќе ги собуе своите топли волнени чорапи и ќе ми ги обуе, како сите ќе седнеме покрај распаленото огниште... а потоа како наситен и стоплен ќе заспијам во скутот на татко и утрото ќе се разбудам под топлото веленце, ќе се напијам топло овчо млеко...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На работа одевме јас, брат ми Блажо, сестра ми постарата Борка, Ѓура, стрина Риска, снаата на брат ми Тодора, а понекогаш и чичко ми Павле и сестра ми Љубица и дедото Ристо, таткото на стрина ми.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Одев јас а камењата тежат, тој нѐ тепа каде ќе му текне.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
- И не доаѓам! – рече Николче и седна на место како закован и продолжи: - Ќе сум одел јас да му бацувам рака на едно јатаче.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И еда, одам јас кај Маса Ќулумоска, ѝ кажувам што ми се стори и таа ги зеде плочите, еда, ги запрета во огништето, се усвитија. И после ги крена плочите и зина жената, еда, небаре пештера во устата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)