оди (гл.) - или (сврз.)

Одам кај свеска ми. Одам или би одел. Одам да не ја најдам сама или ми рекла дека е сама.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Или во Палестина кај што треба да одат или кај што веќе се наоѓаат браќа ти и вујко ти?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Само на најгорниот ѕид од мрачната ќелија, таму каде што не ти достигаа ни најиспружените раце колку и да ги истегаш на ножни прсти, еден процеп од прозорче, замрежено не само со дебело стакло неизмиено откако го вглавиле туку и со вкрстени решетки како да ти се окови на глуждовите: машки ногавици на службеници на поминување и по некоја женска влечка на домаќинка што оди или се враќа од пазар.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Копчињата, особено додека фармерките се понови, толку тешко се закопчуваат што маса мажи се чувствуваат изморени и одат или полузакопчани или незакопчани.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
По децата од разни возрасти што одат или потрчуваат пред нив или покрај нив – изгледа тука се дојдени и цели семејства.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Но, за сето време тој не забораваше да забележи и по некое познато стебло, по некоја позната делканица од секира во корубата од тие дрвја, секогаш држејќи се за нив, како за единствената нишка, што му беше негова низ таа наеднаш толку многу туѓа шума, свесен дека тука некаде во близината на неговата трага мораше да поминува и патот, по кој луѓето од нивното село одеа или се враќаа од Белата Долина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)