одигра (гл.) - значаен (прид.)

Сакаме тезата за балканската унија на јазиците, за која се согласни одреден број балканолози лингвисти и различната интерпретација на феноменот на јаничарското, односно на светската мерценарија, да ги изведеме на ниво на непосредна комуникација која би одиграла значајна улога кај балканските народи, во покажување и доминација на сличното обединувачко над различното разединувачко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во пролетта на 1943-та на територијата на Македонија се случиле низа настани кои одиграле значајна улога во разгорот на вооружената борба.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во духот на признавањето на полни национални права на народите на Југославија, а со цел НОД во Македонија да се раководи од едно авторитетно национално партиско тело, во Скопје бил формиран ЦК на КП на Македонија кој на 19 март 1943 година, во Тетово ја одржал и својата прва седница.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)