одлепи (гл.) - усна (имн.)

Среде распупените копнежи на небото витката става на пламенот во луд занес ги обезглавува изџимканите сни и не ги одлепува усните од цуцињата на бардињата од кои дурлат огнови во течна состојба.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Третата дама излегува од слаткарница. Ѝ ја бакнувате раката, но таа е ужасно леплива и едвај успевате да ги одлепите усните.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)