однесе (гл.) - им (зам.)

Најстариот не изустил богохулни зборови откако видел дека не е неговата калеша, а вториот гласно рекол сполај ти Господи за спасението на мојата перачка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Однесете им ги барем кошулава и чевливе, вели, да не одат така попусто.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тогаш таа плеснала со рацете за да ја викне жената на најмладиот брат: ’Јатрвичке наша најмлада, ѝ рекла, невесто мила на млад ни девер, ајде место нас однеси им јадење на мажите, чунки патот е долг а нам нозете ни се папсани, та ние веќе не сме млади и лесни како тебе.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)