однесе (гл.) - му (зам.)

Не приоѓајте му, Три жени со бели шамии околу главите Седат во полето и го чуваат него Спроти долгото патување низ темнината, низ бесконечните растојанија од студот до огнените знамиња на плодот, не приоѓајте му, Утрово ќе ги искачи ридовите и ќе застане на она место каде што застануваат јулските квечрини да ја гледаат девојката со срп во рацете како оди низ полето и застанува боса среде реката на залез сонцето за да ја оплоди и така размножена да истече со реката до свирепите мориња на усмата, Оставете го, Однесете му тогај вода, дајте му сол, и чист во душата нека си легне во полето да слуша како пеат светулките меѓу ожнеаните стебленца на пченицата.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Лицето му е бледо и испотено.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Од оваа црна планина Кон сонцето раце ќе кренеме На погибел В сонце дур да се најдеме Ако не стигнеме Во црната трошка закопајте нѐ, Ако не стигнеме во воздухот угушени побарајте нѐ, Ако не стигнеме Рацете отсечете ни ги, На сонцето однесете му ги, Место нас.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Бабата: Еден ден сите ќе нè испоубиваш! (Благо ја лупнува по глава) Станувај и однеси му ја супата на г-дин Краста!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
- Ним сигурно разговорот не им беше завршен зашто додека јас се токмев да седнам што поблиску до нив за да ги слушам што зборуваат, дедо ми ми рече: - Земи го пагурчето со ракија и оди, однеси му го на Даскалот. Се дупна од работа тој...
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)