однесе (гл.) - писмо (имн.)

Го најде Васе кому му нареди веднаш да го однеси писмото до куќата на во Влашко Маало.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Буљукбашијата Сефедин многу добро го знаеше патот, бидејќи лани беше да го однесе писмото од кадијата, та не се брзаше многу-многу.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Јас би го однесол писмово кај Иванов, тој би ме помолил да почекам одговор, таму би ме ликвидирале и ти би останал сосем настрана од сево ова и онаа работа со која јас те држам в раце не би имала такво дејство, како кога би загинал од твоја рака?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Се обѕрнува беспомошно околу себе.) А јас, а јас што треба да го однесам писмово? (Кон Фезлиев.) Фезлиев, тој не рече што да правам јас со писмово?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Устабашијата Сефедин, како и Суљо-ага пред четиринаесет години однесе писмото лично до султанот и пак доби еден ферман кој гласеше: До скопскиот бег и до кадијата во Прилеп.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Не можеше да ја избегне малата насмевка на задоволство, но веднаш повика еден од своите најталентирани ученици и го замоли да го однесе писмото на Големиот мајстор на Играта кој живееше на другот дел од Градот и да му ги пренесе неговите најдлабоки изрази на почитување.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Како секојпат, така и вчерашниот ден, Трајче отиде во Струга, го однесе писмото во Самарчето и му го предаде на чичко Талета.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)