однесе (гл.) - нов (прид.)

Покрај него стоеа уште тројца службеници на општината, сите со црни чадори во рацете, а нешто потаму и настојникот на митрополијата и неколку свештеници со развеани бради и раса, и камилавки кои како по наредба ги придржуваа на главите секогаш кога ветрот ќе дувнеше позасилено и ќе однесеше нов навев на солен воздух кон главниот град на Закинтос.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Она што остана е долгиот нос на деценијата што виси над амбисот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Алкохолот, дрогите, сидата и дрскоста (Четворицата јавачи на апокалипсата на осумдесетите) немилосрдно беснеат и штотуку однесоа нови жртви.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тие расштимани звуци навидум внесуваа живост во депресивната атмосфера од третата окупациска зима на островот.  Лука Карер шеташе вдолж молот и досадувајќи се, со врвот на големиот црн чадор со дрвена дршка, ги допираше металните бочи на пристаништето.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Секако, и понатаму се заработу­ваат пари, неш­тата се купуваат, животите и талентите безвредно се трошат, љубопитноста умира, но ништо, апсолутно ништо не се случува.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)