одобри (гл.) - постапка (имн.)

Мирче со особено внимание го ислуша Толета и ја одобри постапката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сите в село ја одобруваат постапката на Младена и го осудуваа Трајка Слабиѓорев оти и допушти на ќерка си Чона да се потурчи, одејќи за мифеташот Ќерима дури во Јанино.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На осамените срца госпоѓа Мариела им предочи шема (на таблата со креда испишуваше букви во квадрати и стрелки, а слушателите на нејзиното предавање тоа внимателно го внесуваа во своите компјутери) според која: ако лицето А е иницијатор за следење на лицето Б, а лицето В ја одобрува постапката за чии резултати треба да донесе одлука лицето Г врз основа на анализа под раководство на лицето Д, постои можноста за целни субјекти, покрај лицето Б, во истата постапка да бидат и лицата Ѓ, Е, Ж и З, блиски, условно земено, на лицето А по роднинаска, љубовна, деловна, клановска итн. линија, но со самиот факт дека не може да се апстрахира ниту една друга релација меѓу сите субјекти од А до З, не е исклучена можноста резултатот на анализата да покаже цел регистар на варијанти, со крајна консеквенца - обратен процес, со што целата постапка се релативизира.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
—Шо да му права кога тие повелаат, бре Толе? — беше одговорот на Колета, кој во себе ја одобри постапката на Толета и ни малку не се спротиви на неговите тупаници.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)