одразува (гл.) - во (предл.)

Степенот на отсуство на поклопување помеѓу графемите и фонемите неизбежно се одразува во бројот на арбитрарните „правописни правила” коишто децата мораат да ги научат.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Со други зборови, во таквите системи на писмо планот на содржината изразен со зборовите на конкретниот јазик, непосредно се одразува во знаците на писмото, со што знаците на писмото ја играат улогата на единици, кои покрај зборовите од конкретниот јазик ги изразуваат и универзалните појмовни категории од разните нивоа на апстракции.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Семасиографијата или идеографијата ја карактеризира онаа класа на системи на писмо, чии знаци не ја изразуваат фонетската страна на конкретниот јазик, туку Маргина 37 83 изразуваат конкретни поими или цели ситуации во непосредна корелација со планот на содржината на јазикот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Скот Џејмс се закачува за еден дваесет и тригодишен магистранд на Стенфорд со магистратура по компјутерски науки, кој живеел во геј-студентска зграда на Стенфорд и кој веднаш откако магистрирал се преселил во маалото Кастро во Сан Франциско; колку повеќе друштвениот живот се врти околу суштествувањето како геј, тој толку повеќе инсистира на небитноста на суштествувањето како геј, исто како што тоа што се аутирал кога имал шеснаесет години било начисто „ненастан“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А Џејмс понатаму забележува, видливо задоволен, дека „И други од неговата генерација исто така, изгледа, не се толку опседнати со сексот, што се одразува во некои социјални медиуми.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-мажите веќе не ги интересирал сексот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Општествено, тој трага по врска, не левтерни односи, и со мажи, главно, се запознава преку ‘пријатели на пријатели’... ‘Ме инспирираат геј-двојките што ги познавам и што сакаат да се венчаат’, рече“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Речиси немаше балкански народ кој немаше своја јаничарска историја, која упорно ја бришеа победниците од својата свест, ја потиснуваа до дното на нивната потсвест, за да избие еден непознат свет со сета потискувана експлозија, која најмногу се одразуваше во демонот и делириумот на владеењето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога запреа на самиот истек на реката од Езерото, во просторот каде што се мешаа бавните и брзите води, каде што се забрзуваше минливоста, на Исток небото веќе беше заруменето и окото на сонцето се одразуваше во сините води.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)