одржи (гл.) - рамнотежа (имн.)

Постои потреба за простор кој овозможува слобода на движење во склад со можноста личноста да одржи рамнотежа; и потреба за друг “простор” во кој човекот би можел да ги насочи мислите на она што го работи, без пречки.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
И така овде, како никаде другаде на Балканот, човекот ја одржувал рамнотежата со животот, во Земјата на ова Езеро.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Така си чист, најчист: Твоите „монаси“ се жртвуваат со самоодрекување, ти за да постоиш, за да се одржи рамнотежа со твоите поттикнати нагони, на другата страна на животното тркало во тебе.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)