ожени (гл.) - или (сврз.)

Акиноските, стриковците и братучедите Максимови, кои дотогаш и не ја напуштаа Потковицата, освен во исклучителни случаи, кога одеа да закопаат некого свој во Битола, или кога одеа во Прилеп или во Битола да оженат или да омажат своја челад, преку Прилеп, Битола и Солун,се раштркаа, во Софија, во Цариград, во Русија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ќе расте ќе порасне; Илко ќе го ожени или омажи и живот со него ќе живее.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)