опомене (гл.) - дека (сврз.)

Ако за настанувањето на штетата делумно придонело трето лице, тоа му одговара на оштетениот солидарно со имателот на предметот, а е должно да го поднесува надоместот сразмерно со тежината на својата вина.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Лицето со кое имателот се послужил при употребата на предметот не се смета како трето лице (чл. 163, ЗОО). 4.  Сведокот претходно ќе се опомене дека е должен да ја зборува вистината и дека не смее ништо да премолчи, а потоа ќе се пре- дупреди за последиците од давање на лажен исказ [како посебно 203 „кривично дело против правосудството“] (чл. 228, ст.2 д ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Малите мотели, салуни и бензински пумпи како ретки островца се издигаат над тој правлив океан, во којшто видливоста досегнува подалеку од човечкото око, а природата те опоменува дека во животот можеш да бидеш само емигрант, никако турист.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Затоа направив место и за неговите раце до моите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Додека ја носиме Таша по угорницата, кај тумбата, Иван постојано не опоменува дека треба да внимаваме.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мислам на сигурноста што нè придружува а одвреме навреме и нè поттурнува за да нè опомене дека не смееме да подзастануваме.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Госпоѓата Гологанова, не сфаќајќи ја опомената сермозно, не ја тргна раката, по што секавично тој ѝ ја лапна китката од раката заедно со златната гривна, потстегнувајќи ја, но сепак не за да ја повреди, туку колку да ѝ ја задржи раката и да ја опомене дека нема да ѝ дозволи да го допре.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Вториот бил помалку јасен и Херкулина била предупредена и опомената дека следниот пат ќе биде подложена на детална истрага.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Никој не одговори на нејзините повици за помош.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)