опре (гл.) - со (предл.)

Ќе седи тогаш на клупата под маслинките, се опрел со лакти на колена, ги пребира килибарните броеници, - старче со провиснати мустаќи, наклапушено со паларија што се чини секогаш понова од алиштата што ги носи; ќе си седи и го задоволува својот навик да ја гледа убавината на тукушто подраснати девојчиња, цврсто стегнати во црни гимназиски кецели со бели околувратници.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но девојчето молчеше. Потоа застана до една топола, се опре со грбот до стеблото и долго, долго гледаше напред.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Во тој момент и Рангел седеше замислен, опрен со лактите на маса.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)