определи (гл.) - начин (имн.)

Да замислиме дека постои таква конфигурација на јазли обединети со врски (кои можат да бидат во разни бои, со цел да се претстават разните типови на „поимна блискост“) кои прецизно го определуваат начинот на активирање на симболите од страна на други симболи.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Со колективен договор за работникот можат да се определат начинот и условите за намалување или простување од плаќање на обештетувањето (чл. 158, ЗРО). 3.  Со измената и дополнувањето на ЗЈП (1996), од април 2006, се укина правото на работниците во јавните претпријатија да форми- раат Совети на вработените, како и да одредуваат свои претста- вници во УО на претпријатието (чл. 18 и чл. 26, ЗИД ЗЈП/06).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сепак, мора да се напомене дека правото на штрајк согласно рестриктивноста која е веќе наметната и во самиот Закон за работни односи како lex generalis и овде е ограничено во голема мера, што најдобро се гледа од ст. 4 од овој член каде се предвидува дека раководното лице на институцијата, согласно со закон и колективен договор, со акт го определува начинот на извршувањето на надлежностите, односно дејностите од јавен интерес на институцијата за време на штрајк, бројот на вработени кои ќе ги извршуваат надлежностите за време на штрајк, како и начинот на обезбедување услови за правото 66 на штрајк од ст. 3 на овој член.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Ако утврдувањето на висината на штетата би предизвикало несразмерни трошоци, обесштетувањето може да се определи во паушален износ, ако случаите на штетните дејствија на работникот и висината на паушалното обесштетување се определени со колективен договор (чл. 157, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)