опули (гл.) - во (предл.)

— Шо велите, де? — праша Трајко со треперлив глас и опули во Илка и Доста, мислејќи дека на Стоја и Митра ова не им е толку важно.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ете, јас те сака'м, мори Недо? — се опули во неа и лути мравки го полазија од пети до теме и ја удри главата ничкум.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Да не земиш некој пачаври да не можа да се опула во луѓето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Ене го не, Толето мое како 'рслан: во сете деца е најјако, а и твоето Толе, машала, израсна како видан, кај можат да се опулат во неа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— И се опули во Нешка, во Крстета, пак во Нешка, и си заклучи со умот: „Ете, како шо нарачаа нарачниците на третата вечер: „да расте и да порасте, убава мома да биде, попова снаа да стане, на младо ѓаче невеста".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А таа одврзана не лае на секого! — се насмеа и се опули во Неда.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нашите се двечки, малечки, оти да си и даваме! — Се опули во Митра и си рече: „Та м'сна м'ња, песјачко една!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога во еден миг се опулив во дното, има што да видам, си ја допивам сопствената сенка.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ми е страв со цела нога да згазам на килимите, да не знам како да се опулам во мебелот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кадијата се тргна и се опули во гавазот, па некако изненаден праша: – Гласник од Мариово?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Вратата се разгрна полека, но наместо да се појави остар јатаган, се појави една сејменска глава; се опули во собраниот куп и се насмеа. – Се собрале како пилиња под квачка – проговори и ја отвори едната пола на вратата. Му се поклони длабоко на тој што беше зад него. Му направи темане: – Бујрум, кади баба. Тука се како лисичиња.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)