ороси (гл.) - чело (имн.)

Фимка се вкочани, се стаписа, ѝ затрепери долната усна, се разигра мускулот на образот, пот студен ороси чело, немошница ја совлада.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- пот оросува чело, се откинува капка и тече по образот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во овој миг чувствувам како капки студена пот ми го оросуваат челото.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Капки двоумење го оросуваат челото.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)