освои (гл.) - простор (имн.)

Проучувајќи ги луѓето, го констатира следното: оние луѓе што прават долги чекори - се сигурни во себе, цврсти, решителни, енергични; таа сигурност им дава полетност, ги тера бргу да одат, да го грабат патот, да го освојат просторот, да стасаат што побргу до целта каде што тргнале;
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Веќе во петтиот месец, порано отколку другите деца, почна да го освојува просторот, слободата: лазеше низ одаите, низ целата куќа, а потоа и преку прагот на куќата во дворот; лазеше со таква брзина што на сите им влеваше страв.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)