освои (гл.) - свој (прид.)

И така, Татко, како вистински балкански Дон Кихот, во тешките времиња, почна да ја освојува својата тврдина од хартија, со невиден занес, во зенитот на својата ментална енергија.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Принципот на задоволство во популарната култура му служи на ваквото потиску­вање на смртноста, така што низ смртноста - со која низ поп-естетика се бави новата британска уметност - се појавува потиснатото таму каде што тоа (естетски) и не се очекува.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
На тој начин и уметноста возвратува („fights back“) и повторно ја освојува својата територија на која со поп-културата развива еден однос на взаемно интерпретирање.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Оној млад човек кој и додека чекори се чеша од стапалата до главата и назад ќе стигне до бедемите на друг град, и ќе посака таму да влезе, но ќе го убие еден витез, кој неколку дена пред тоа ја освоил својата сакана на витешки натпревар и ѝ испеал песна, со рими искажувајќи ја својата љубов.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Онаа жена што си го бараше своето детенце ќе ја силуваат друмски разбојници, ќе ја водат со себе, а потоа ќе ја остават, и таа ќе умре во сон, покрај едно дрво, гушкајќи го врзопчето партали, кое ѝ беше дете. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)