осигури (гл.) - дека (сврз.)

Сега, откако дедо Најдо со поттргнување на катинарот се увери дека добро заклучил, се осигури дека добро го држи бастунот и се сврте да тргне кон сретселото „Добро утро, дедо Најдо“, му рече авторот подвикнувајќи. „Или добар ден“, се коригира.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Дојди да те пофатам, вели, да се осигурам дека си ти...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во меѓувреме на Брчалото пак му дојде писмо во жолтеникав плик од Америка и, откако тој се осигури дека работите на Тумбица добро се одвиваат, пак се изгуби од Брезница.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Во поглед на можноста за вработување на определено и на неопределено време како и доквалификувањето на работниците се предвидува дека работодавачот корисник е должен да ги информира отстапените агенциски работници за сите објавени огласи за слободните работни места кај работодавачот корисник, преку истакнување на јавните огласи и на видно место кај работодавачот корисник, за да ги осигури дека ја имаат истата можност за вработување на определено или неопределено време како и другите работници.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Па кога ќе се осигурам дека тропањето е од добиците, ќе си речам: блазе си им дека тие не знаат ништо. И се топам, како скрушец во ноќта.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)