ослободи (гл.) - поголем (прид.)

Овој факт, интересот што за проблемот го покажувале големите сили и посебно усогласената интервенција на руските и австроунгарските пратеници, како и тешкотиите што ги создал толкавиот голем број затвореници, ги принудиле турските власти да ослободат поголем број од уапсените.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Никој не пушта глас, ама Чана се подмрднува на едната страна во вратата, им го ослободува поголемиот дел од празнината во која ќе се мерне ту пасамок магла, ту црна валма од главата на возот, ту во далечината снагата на некоја планина.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)