ослободи (гл.) - сопствен (прид.)

Затоа тие сметале дека не било можно да се одделат саботажите од политичкиот живот на земјата и поради тие причини “СОЕ се нашла во позиција, во најголем дел, да соработува со партиите од лево и настојува да прифати политика спрема различни земји на окупирана Европа кои се од непосреден интерес на оние кои се одговорни за водењето на надворешната политика на владата на Неговото Височество“.15 Како заклучок од она што се случувало на Балканот до септември 1943 година аналитичарите на СОЕ истакнале дека: “• Необично е што низ целиот Балкан партиите од десно соработувале со силите на Оската, а додека партиите од лево во чии редови влегувале млади луѓе, покажувале постојана желба да ги ослободат сопствените земји. • Од друга страна било сосема јасно дека мнозинството од оние кои припаѓале на левите партии кои се бореле против силите на Оската и го формирале општото мнозинство низ целиот Балкан, им се придружиле единствено бидејќи тие им нуделе организирана форма за ослободување на нивните земји. • Ако сакале да дадат отпор и да се искористи максимумот, метеријално, човечки и физички низ целиот Балкан, кој е подготвен да се спротивстави и да се бори против силите на Оската, требало да се помогне тие партии и покрај тоа што тие биле предводени од елементи на левите. • Доколку не сакале да имаат комунистички блок низ целиот Балкан, во вистинскиот момент требало на левите партии да им понудат очигледна помош во форма на стабилни републикански влади и понекогаш уставни монархии, како спротивност на постојните ројалистички влади и покрај тоа што би било неможно да се отстрани од свеста на масите соработката на ројалистите и десните со непријателот.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)