осознае (гл.) - дека (сврз.)

Дури отпосле, од историска дистанца, нашинците тука ќе осознаат дека огнот во високите печки на челичаните е и клада за многу надежи и дека секој оган неминовно завршува како пепел.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Самиот си направив пишувало подолго од седумдесет години и како Башо дури сега осознав дека веќе вјавам на дооден коњ и дека зад мене, смрзната веќе, лази мојата сенка... Размисла
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Помислуваш туку-така се случило тоа, од ништо. Доцна ќе осознаеш дека тоа животот нив безмилосно ги свиткал... ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ах, тој молив, човек во човека, со кој единствено ги споделував магиите и тајните за песната и кој бележејќи ја песната - сѐ повеќе ме подмладуваше, сѐ дури и од неговата лична судбина не осознав дека никогаш иднината не треба да ја поврзуваш со себеси.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Јатката на моливот, сите мои копнежи и тајни ги пресоздаваше во зборови и таа нејзина дарба е дело на голем и свет оган, низ кој се топела и претопувала нејзината света твар, сѐ дури низ тој оган и самата не се пресоздала во мое сеќавање.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Беше јасно, но тоа подоцна го осознавав дека ми недостигаа татковите мудри совети, да патувам или не!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тројца сме: едноит го врзува коњот и потпевнува, другиот ја гледа таа иста месечина што некој, заминувајќи си, морал да ја остави тука, третиот осознава дека огнот е семе: од неговите искри се множат оние кои допрва ќе горат.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
О, невино, и самиот во мачна прелага живеев, сè дури не осознав дека и врз твоите коски е удрен печат на прокоба и роб: јас продолжувам а ти како заробеник стоиш оковано на брегот на мојата татковина.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Неговиот духовен син Бен Али набргу ќе осознае дека најдобро ќе ја води земјата доколку продолжи да работи на изораната нива на бургибизмот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)