остава (гл.) - тело (имн.)

Пациентот се опоравува од хируршката интервенција десет пати побрзо од вообичаеното време, бидејќи хирургијата по пат на телеприсуство го остава телото речиси недопрено.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Медицинските доктори како што се полковник Ричард Сатава и д-р Џозеф Роузен, рутински користат хирургија по пат на телеприсуство за отстранување на жолчниот меур без традиционалните скалпелски разови.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тие чувствуваат дека погледите на другите ги поништуваат, а присуството на другите го доживуваат како одземање на нивното присуство, тоа е како некој да им става јамка околу вратот, како со рака да им ги затвора устата и носот, како да ги брише од времето и просторот, како да ги осудува на смрт и покрај тоа што им го остава телото негибнато.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бидејќи постои без вистински однос со другите и со самото себе, Јас на тие луѓе, создадено од имагинација, е слично на пареа, недофатливо – токму она што го сакаат тие луѓе: да не бидат дофатени од другите; но во исто време и нешто што е под вечна закана да исчезне при секој контакт со стварноста.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)