остави (гл.) - им (зам.)

— Диши слободно, вика Никифор, пју либераменте, кос, кос, дишењето остави им го на стомачните мускули, исправено, исправено, многу влечеш на вибрато, така, така, вели, и дишењето треба да ти биде дел од музиката, не стегај ги прстите, вели, треба да допираш, како некого да будиш, вели, тонот треба сам да ти се јавува, да ти се оѕвива...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Малечок, остави им ги сите твои скокотливи прашања на постарите, на оние што ќе можат и да одговорат на нив - се обрецна кон мене (како да го беше дочул она што ја бев прашал Бојка) а потоа, излегувајќи, речиси несигурно додаде: - Веднаш ќе се вратам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Остави им ги мртвите на мртвите, вели Андреја Тарковски, дајте ми ги мене. „Мртвите нека си ги закопаат своите мртви“, рекол Христос некогаш и некаде, којзнае кога и којзнае каде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Остави им ја глупоста и лошотилакот на глупавите и на лошите. На нивниот ум и поведение.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)