остави (гл.) - мирен (прид.)

Тоа препукна во него и тој сега мораше со нив да прави нешто, мораше да ги изгуби за едно извесно време, да ги изработи, да ги измори за да го остават мирен, па колку безмислено и да беше тоа пусто префрлање на камчиштата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И сиџилите да ги остави на мира, а и тие да го остават мирен.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Задоволството од една пикантерија од книжевниот живот кај нас, исто така, не ме остави мирен се до мигот кога не ја споделив со моите пријатели.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Од своето дрво сега можеше да им се заканува на сите оние растерани дивинки, кои мораа да го остават мирен барем малку време.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)