остане (гл.) - глава (имн.)

Патема собраа со себе што најдоа: луѓе, стока, и за инает ги запалија сите посеви кои веќе чекаа срп и им нанесоа големи штети на селаните. – Море кој ги гледа штетите кога останаа главите – се тешеа селаните и еден по еден се прибираа по селата за да почнат нов живот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Во тие бурни времиња, најбитно беше, како што велеше Татко, да остане главата на рамења.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)