остане (гл.) - или (сврз.)

И мене ми беше зададен на решавање делот од порочниот круг на семејната дилема: да се остане или да се следи патот на заминувањето на другите од семејството?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Повторно, студениот, неумолив и чиниш заповеднички глас на шифрантот Петар Иваз: - Другар амбасадор, дојдете брзо. Итно е!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Си го брецаа умот луѓето не знаејќи што да заправат; да останат или да се отселат; ако се отселат, каде ќе одат, каде ќе закуќуваат куќа, од што ќе живеат; ако останат: ќе ги врват деновите во неизвесност, во страв...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Не вредеше да се прашува Иваз зошто е итно, тој ќе останеше или нем како картагинските статуи или ќе го каже веќе чуеното во вакви пригоди.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Меѓутоа, неговата визија беше во функција на настаните значајни за спокојот на семејството низ основното прашање: да се остане или да продолжи преселбата?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Мораме конечно да се определиме: останува или не во нашата листа на опасни османизми!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Требаше да ја најдат најубедливата дефиниција на овој збор, којшто требаше конечно да остане или да биде отфрлен.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Колку дена бдеела врз мене додека сум бил во бунило, додека не се знаело дали ќе останам или ќе си заминам?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)