останува (гл.) - во (предл.)

Трајанка ги следеше работите. - Чедо, бегај од тука! Бегај си за Кирета, омажи се, не останувај во оваа куќа повеќе! –ѝ рече таа еден ден на Невена.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Оние што беа влезени на главната врата, од новинарството потоа одеа во политиката, низ дипломатијата, по факултетите - а тој остануваше во осиното гнездо на приземниот хумор, од кој се хранеше простиот свет.  Бројните соработници беа надворешни хонорарци, во прв ред хумористите собрани околу нивниот повремен весник, а потоа и различни дописници од земјата што се јавуваа со свои шеги и идеи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тие стануваа метафора на неговиот живот која ми остануваше во наследство.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тие, Алиловите потомци, раскажуваа дека додека едни од нивните одамнешни соплеменици работеле како аргати по чифлизите, други ковале српови, дупчеле решета, потковале коњи, трети, жените и децата, вражале и краделе по селата, тој, ли, некогаш убав и силен ковач, тогаш веќе остарен и ослепен, останувал во чергата, а со него, за да го чува, Шава, прекрасна и немирна девојка.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ним им се случи та, да не можат да си дадат ответ пред жителите од околните населби кога за непрокопсаноста на Благуна ги прекоруваа: тие кои највисоко го вееја знамето против сите завојувачи, неми остануваа во таквите незаслужени напади.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А во тоа, во неспоменувањето на Благуна и на целата таа историја во врска со неа, жителите на Потковицата свесно и намерно ја сокриваат и својата вина, во себеси и пред себеси признаваа дека и нејзе и на сиот сој Јанчески им нанесоа голема неправда.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Остануваа во него остатоци од стариот голем сон дека излезот постои во останувањето во Цариград, но тоа остана потиснат сон.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Иако порано го бевте прошириле поимот за текстот, Вашата филозофија сепак ја разбирам како онаа која особено ги рефлектира јазикот и писмото, значи сосема останува во традицијата на linguistic turn.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Тие остануваа во испразнетите селски куќи да ја чекаат суровата зима и длабоките снегови.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Единствено тешко ранетите и болните, откако го надминуваа шокот, извесно време остануваа во креветите за да ги ослободат од потресот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Остануваа во Прењес и ги викаа мажите за да им објаснат дека победата е близу и за да биде поблизу треба да помогнат, а за давање за победата ни беа останати само душите и парталите што ги имавме врз нас.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Таму зад тие височини ни ги однесоа децата, зад тие магливи ридишта и можеби и до таму стигнуваше нашиот плач, ама болката остануваше во нас...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Така ми се чинеше, а можеби грешев додека се обидував да си ја објаснам тегобноста на моето постоење.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Има една барака во која неколку жени се грижат за новороденчињата.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Некои од лудите возвраќаат, други остануваат во својата занесеност со своите светови, или во својата збунетост од тоа зошто се нашле пред толку многу погледи. А толпата чека.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понекогаш останував во собата – мојата причина беа болки во стомакот, или главоболка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потоа, кога отидов да платам, и од торбата го истресов она што го бев собрала, Клара ми рече: “Ти сакаш да станеш мајка.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нашиот татко ни се приближуваше единствено кога ни ги раскажуваше животите на Ное, Јаков и Мојсеј преточени во детски приказни и налик на бајка, а и понатаму ни остануваше далечен, постојано свесен, како што се свесни некои од луѓето кои направиле нешто многу подоцна од мигот кога требало тоа нешто да го сторат, за разликата помеѓу едно и друго време; нѐ гледаше нас, своите деца, кои бевме помали од децата на неговите деца од првиот брак, и можеби таа негова свесност беше најголемиот јаз меѓу нас и него, јаз кој нѐ тераше да го викаме „татко“ а не „тато“, „татко“ кое звучеше како – „господине“; не годините, не верата која тој ја имаше а која нам не ни ја даде, туку свесноста дека нешто направил предоцна и тоа предоцна е преголем јаз, беше она што му даваше форма на згрченост на секој негов гест, секој негов збор го правеше да звучи како предупредување, секоја негова топлина ја смрзнуваше уште пред да се упати кон нас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тогаш застанував крај прозорецот и ги набљудував оние во паркот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А можеби, заради мојата приврзаност кон брат ми, ме мразеше мене затоа што беше немоќна да ја мрази онаа заради која нејзиниот златен Зиги се одвојуваше од нас; тој започнуваше друг живот, градеше нов свет во кој ние можевме да бидеме само попатни минувачи, во нашиот свет тој сега избираше да биде само гостин, а мојата мајка, ако ја замразеше Марта Бернајс, не можеше ништо да ѝ стори, отровот кон љубената на брат ми никогаш не би стигнал до неа и би останувал во мајка, и затоа ме избираше мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Остануваат во оваа барака уште неколку дена по породувањето, а потоа ги враќаат во бараките во кои биле сместени при доаѓањето во Терезин, и веднаш почнуваат со работа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
По некој предмет ми остануваше в рака, и го ставав во торбата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нашите родители, доаѓајќи во Виена, имаа решено, како и многу други Евреи во градот, да им го пренесат еврејството на своите деца само преку крвта, но не и преку религијата; се надеваа дека тивката асимилација и сочувувањето само на невидливите белези на нашето потекло – оние кои се во крвта - ќе направи да бидеме рамноправни со останатите граѓани, а самите тие остануваа во својата вера онака бесшумно како што татко ги изговараше зборовите додека гледаше во „Талмудот“.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но поголемиот број Македонци остануваа во Србија и бараа пат како ќе се може да се работи во полза на Македонија без да се влегува во отворен конфликт со Србите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Останува во сенка, незабележано... колку бразди врз челото испишав... ко нејасно кинеско писмо колку букви, толку години потиснати со времето избришани, избледени...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Остануваш...остануваш во сенките незгасната искра, Остануваш Софија, засекогаш остануваш во мене...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Телефонските компании живеат од мајки што им телефонираат на своите деца - луѓе што се запознаваат, што остануваат во контакт.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ја градеа заедно и заедно остануваа во неа сите изминати лета; ја знаеја како дише секоја педа од нејзините простории и ги имаа во рацете сите допири на сите греди, од кои што беше создадена таа, а тоа можеше да трае сѐ до есеноска, кога ја напуштаа, сигурни дека напролет пак ќе ѝ се вратат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Огнот догорува, спласнува, ама смрдеата останува во селото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Климент Камилски, загледан од чардакот кон тврдината, слушајќи го шумот на реката, ја замислуваше како последно одредиште на старите значења на старите османски зборови, неговата мисла се поврзуваше со тврдината, како траен симбол на сѐ што ги разделува луѓето, религијата, нацијата, државата, предрасудите, под лозунгот на обединувањето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тие што не го примале исламот, мој Камилски, и останувале во својата вера, добивале привилегии.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Најзначајната за нив била секако што не биле принудени да одат во војска.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Имаше зборови коишто потсетуваа на некогашната убиствена моќ, а сега како поразени остануваа во речниците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Трошчејкин има околу четириесет години, избричен е, со стара, но со дречава боја плетена блуза, во која останува во текот на сите три дејствија (кои се одвиваат, меѓу другото, изутрината, преку денот и вечерта во едно исто деноноќие).
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Дедот поп си останува во црквата со „својата свита“. Така ги викаше тој Куша и Петрета притропот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога се враќав од часови повеќе никаде не бегав, туку останував во темничиштето на бараката до доцна во ноќта.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Остануваше во своето верување од светите книги дека Бог никогаш не ги изневерува трпеливите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Поголемите синови ѝ се сронуваа во новите судири со животот, со преостанатиот дел од тежините на егзилот кој им остануваше во наследство, без Татко, што најмногу го докршуваше секогаш силното Мајкино срце, најсилниот жртвен браник на нашите животи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во тие мигови, силно чувствував дека ми останува во наследство, преку овие Таткови книги, во кои целосно, до крајот од својот живот, беше задлабочена и Мајка, да трагам по незавршената фуга на стогодишниот егзил на семејството, ми преостануваше разгатката на тивката тишина на поразот, во која беа супериорни Мајка и Татко.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка остануваше во нашата заедничка куќа со вербата дека е последниот дискретен свртничар на нашите затрчан судбини, во новите меандри на минливоста.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Само вистинските случаи, а кон нив можеле да се придодадат и таквите соништа кои биле вистински одраз на стварноста останувале во гнездата на нашето паметење.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Вее лапавица, камионите остануваа во снегот, а јас со мојот морав да ги влечам еден по еден до горе. Цел ден.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Нам, на “Маргина”, ни останува во следната година да бидеме уште подобри, да ги исправиме покрупните слабости, да зајакнеме “кадровски и економски”, едноставно да се обидеме да преживееме (така, на штрек, “милитаристички опуштени” и “одговорно анархични”), не губејќи ништо од она што го сметаме за своја маргинална суштина. Г. Н. Ом okno.mk | Margina #10 [1995] 7
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ме напиваат и рибино масло, ама ниедна капка не останува во мене. Не можам да ја задржам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Борис халуцинира. Го соблекува палтото. Останува во долга бела туника.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ајде една проба. (Го турнува. Нове останува во место.) Така. Браво. Уште една проба.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Некои од нив, навистина остануваа во Дворецот како стража, некои султанот ги праќаше за војници по тврдините, за три, до четири аспри на ден.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)