отвора (гл.) - уста (имн.)

Тој ви го подава фишекот и си молчи, барате да ви даде уште еден, тој ви го подава и вториот и повторно молчи, барате да ви даде и трет, тој ви го подава третиот и тогаш ја отвора устата и проговорува: „Немојте да одите на театар, претставата е катастрофа!“
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тој в црква никогаш не отвораше уста. Ама ниту да зине.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Немаше кибрит, но стражарот кој никогаш не ја отвораше устата и кој му ја носеше храната, му даваше да запали.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А мачорот преспокојно си предеше. Тој не се интересираше за Славчовите приказни и се чудеше зошто Славчо не земе да преде како него, ами постојано ја отвора устата и зборува ли зборува!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Кога ќе се сетам, нешто не ми дава да ја отворам устата.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Песоглавиот одвреме-навреме ја отвораше устата од која излегуваше неподнослива реа и цвилеж.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ја отворав устата како уловена риба фрлена врз врелината од песокта.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ќе ги вртат очите жените и ќе ги отвораат устите, како клунчиња од пилиња што зинуваат за јадење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Гледам, кроце по кроце и мене ми се отвора устата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И после... леле кога ќе писнеше локомотивата после: како се истураше народот на перонот, како им се отвораа устите, како им се мрдаа јаболкцата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ниту ја отвора устата, ниту ги затвора очите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бездруго не бил Евреин, и тие не знаеле дали е Турчин или потурченик, бег или одметник од Турците; дури и ако сакал нешто да им каже, не можеле да го чујат - ревеле, тој само безгласно ја отворал устата кога се фрлиле на него и, веќе соборен, без замав со јатаганот и подалеку од белецот, почувствувал удари со ножови, со секири и со колови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Само малку потоа можеле да видат дека има зелени, скоро девојчински очи, бледо чело и ретка, свилеста, некако еврејска брада.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И така, не отворајќи уста, а водејќи дијалог со сите нив, Пелагија стигна до зората.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Митра на Чана сака да проговори нешто, ја отвора устата, ама Чана ѝ ја затнува со својата широка дланка.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Отвора уста, вика Пелагијо Пелагијо Пелагијо ама глас не се слуша и скокнува од сонот на сламарницата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Праша: - Уште ја отвораш устата, скоту, - изусти одвај задржувајќи ги милионите тони бес.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Германската филмска ѕвезда, Ани Ондра (Anny Ondra) одвај зборуваше англиски и бидејќи дублирањето, како денес, тогаш не постоеше, нејасните места ги снимав со помош на англиската актерка Џоан Бери (Joan Barry), која беше сместена во кабина надвор од кадарот и која го зборуваше дијалогот во микрофонот пред себе, додека г-ѓицата Ондра само ја отвораше устата, како да зборува.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Со Дејан седиме на ѕитчето и гледаме како чадот што си го испуштаме еден на друг среде лице се меша со памук и дамки, ги отвораме устите и го дишеме чадот: јас неговиот, а тој мојот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Толку за муабетот на овие двајца Првпат отворам уста за туѓи муабети Ама како што гледате во нив нема ни грам политика А признајте дека убаво е да се муабети за згодни ножиња и газиња И дека таквите муабети не ги интересираат тајните агенти
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
- Се гледа дека се однесуваш како вистински професионалец, - рече без да ја отвора устата. (Сите тие помеѓу себе се разбираа со затворени усти).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Нешто сум мрморела, сум ја отворала устата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И тие само ги отвораат устите, ко необлечени пилиња ги отвораат, ко голичарци, испаднати од седело. 154
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Џандарите ги отвораат устите, ко инки, тураат ракија и мене ми ја удираат замбата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Чита така, Неделко Сивески, а децата по него ги отвораат устите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)